Вистинска драма се случуваше на ЕП во Берлин: Австрија испушти златна победа против Германија –  можеби со тоа и полуфинале!

Австрија водеше речиси во текот на целиот меч, беше и 21-16 за нив, веројатно веќе почнаа да ја слават победата, а тогаш се случи неверојатната серија на Германците.

До крајот на дуелот Австрија даде само еден гол, а Германија направи серија од 6-1 и дојде до нерешени 22-22, дури на крај имаше шанса иза победа што ќе беше многу неправедно.

Билик даде пет гола за Австријците, во составот на Германија најефикасен беше Кнор со шест погодоци.

По три одиграни кола во групата прва е Франција со максимални шест бода, Унгарија и Австрија имаат по четири, Германија три, Хрвватска има еден бод, Исланд е без бодови.