Српскиот тенисер беше перфектен во првите два сета, двата ги доби со по 6-0, во третиот последен сет, Французинот успеа да освои три гема, беше 6-3 и победа од 3-0 за Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Тејлор Фриц кој со 3-1 во сетови го елиминираше грчкиот тенисер Стефанос Циципас.
Американецот го доби првиот сет во тајбрејк, потоа возврати Циципас со 7-5 израмнување на 1-1. Следните два сета му припаднаа на Фриц со по 6-3.
Српскиот тениски ас по трите тешки победи, особено во првите два кола против Прижмиќ и Попирин, денес го извлече најдоброто од себе и одигра шампионски натпревар кој може да му донесе поголема самодоверба во пресрет на завршницата од првиот овосезонски Грен слем.
Новак Ѓоковиќ во својот 101. меч на АО го забележа 93. триумф, а 16 во низа,