За време на вчерашното дерби во Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, домашните навивачи во седмата минута испратија голем аплауз до Кристијано Роналдо.
Португалецот го прескокна дербито, бидејќи вчера почина неговиот штотуку роден син. Моментално е со својата девојка Георгина Родригез и со семејството во овие тешки моменти.
Иако навивачите на Ливерпул се негови големи ривали, сепак покажаа дека човечноста е на прво место, па во негова чест во седмата минута му дадоа громогласен аплауз.
Liverpool Fans 👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼pic.twitter.com/rsNOCk4Vml
— Fast Goals (@iF26s) April 19, 2022