Фудбалерите на Фрајбург славеа со 3-1 на гостувањето кај второлигашот Хамбургер и обезбедија за прв пат, историско финале во Купот на Германија.

Гостите ги решија сите дилеми уште по само 35 минути игра, кога со головите на Петерсен, Хофлер и Грифо поведоа со 0-3. Домашниот тим во финишот, во 88 минута само го ублажи поразот.

Фрајбург во финалето го чека подобриот од дуелот помеѓу Лајпциг и Унион Берлин.