Лионел Меси ќе купи акции во вредност од 35 отсто од клубот во сопственост на Дејвид Бекам, а потоа во летото 2023 година да дојде во него како играч, пренесува новинарот на АС, Алекс Кандал. Пред да замине во МЛС и Интер Мајами, Меси ќе игра уште една сезона во европскиот фудбал и ќе игра на Светското првенство, а потоа ќе се пресели во Мајами како 36-годишен.
Ова не е првпат Меси да се поврзува со Интер Мајами, ниту со неговото заминување од Пари Сен Жермен, каде што пристигна минатата година за годишна плата од 70 милиони евра. За парискиот клуб постигна шест првенствени гола и вкупно 11 со 13 асистенции.
Бекам го основа Интер Мајами во 2018 година, а неговата идеја беше да направи еден од најсилните клубови во Северна Америка.
Претходно се пишуваше дека Бекам чека да заврши Светското првенство во Катар за да направи мега-тим следната година, а планира да ги доведе Меси и Луис Суарез. Доколку успее во тоа, нема дилема дека по нив во Мајами би дошле уште некои големи играчи.