Лидерот во Ла Лига и актуелен шампион Реал Мадрид немаше проблеми да дојде до трите бода на гостувањето кај последно пласираниот Елче во рамки на 10.коло. 

„Кралевите“ славеа со 0-3, а интересно на натпреварот постигнаа вкупно шест голови. Дури три погодици на Реал беа поништени од ВАР.

Од оние што беа регуларни, Федерико Валверде со удар од далечина погоди за 0-1. Карим Бензема зголеми на 0-2 во 75.минута, а конечниот резултат го постави Марко Асенсио на минута до крајот на натпреварот.