Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е разочаран од загубата на судскиот спор со австралиските власти што го спречи да учествува на Австралија Опен.
Жалбата на Новак против одлуката на министерот за миграција Алекс Хок да му ја укине визата, не беше прифатена од Федералниот суд. Србинот го чека депортација и потенцијална забрана за влез во земјата во следните три години.
„Би сакал да дадам кратка изјава која би ги сумирал денешните настани во судот. Ќе одвојам малку време да се одморам и да соберам енергија, пред да дадам понатамошен коментар за сето ова“, вели Новак и додава:
„Крајно сум разочаран од одлуката на судот да ја отфрли мојата апликација за судско разгледување на одлуката на министерот да ми ја укине визата, што значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија опен. Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со „Не сум среќен што фокусот во изминатите недели беше на мене, и се надевам дека сега сите ќе се концентрираме на играта и турнирот што го сакам“.
На крајот првиот рекет во светот им се заблагодари на сите за поддршката.
„Би сакал да им посакам на играчите, официјалните лица на турнирот, персоналот, волонтерите и навивачите се најдобро на турнирот. На крајот, им благодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите, моите драги Срби за нивната континуирана поддршка“, заклучи тој.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари. Според одлуката на судот, Ѓоковиќ остана без шанса да се бори за десеттиот трофеј на АО и вкупно 21. Грен слем, со што сам ќе се најдеше на врвот на вечната листа. Сега шанса за тоа има и Шпанецот Рафаел Надал.