Хокеарската репрезентација на Србија беше пречекана со одвратен транспарент над својата клупа на натпреварот од Мундијалот во Б групата од Дивизијата 1. На натпреварот против Украина беше закачено украинското и неофицијално белоруско знаме на Пахонија, кое опозицијата го користи на диктаторскиот претседател и сојузник на Путин Лукашенко. Помеѓу нив бил ставен мал транспарент со натпис „Србите на врбите“.

По поразот од Јапонија (8:0), Србија загуби и на гостувањето кај Украина (7:0), и останува само натпревар против домаќинот Полска.

Српските медиуми пишуваат дека за овој инцидент немало никаква реакција од организаторите на Мундијалот. Во Полска, како и во балтичките земји кои Русија ги припои кон СССР, владее антисрпско расположение затоа што Србија е една од ретките земји во светот кои директно не ја осудија Русија за инвазијата во Украина.

https://twitter.com/BalkanSports/status/1519933012946952192?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519933012946952192%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fsrbe-na-vrbe-docekalo-hokejase-na-spu-u-poljskoj%2F2360474.aspx