Украинската одбојкарка Јулија Герасимова стекна голема популарност откако на социјалните мрежи почна да се шири видео од нејзината забава и танц од натпревар од Лигата на шампионите. Досега го гледале десетици милиони луѓе, а таа бројка продолжува незапирливо да расте.
Нејзините движења и кокетирање со странец од другата страна на камерата ја воодушевија публиката, па видеото продолжува да се споделува, а со тоа расте нејзината популарност. Герасимова пред пет години ја освои Европската лига со украинската репрезентација, а со клубот Химик беше и петкратна шампионка на Украина. Моментално настапува за украински Прометеј.