Македонските одбојкари Македонија со убедлива победа го почна настапот на 45. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ кој претставува завршна фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство.
Ибзраниците на Душко Николиќ ја надиграа со Црна Гора славејќи во три сета, со резултат 25-21, 28-26 и 25-19.
Најдобар во македонската селекција беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 16 поени, пред Љафтов со 13 поени. Кај Црна Гора најдобри беа Чулафиќ и Чачиќ со по 14 поени.
Вечерва Македонија ќе одигра уште еден пријателски наптревар, исто така од 20 часот, а противник ќе биде репрезентацијата на Словачка.