Сагата за Новак Ѓоковиќ и неговиот влез во Австралија продолжува.
Во моментот кога е на аеродромот во Мелбурн и кога е спорно добивањето виза, тој доби поддршка од американскиот тенисер Тенис Сандгрен.
Сандгрен повторно проговори и го поддржа Новак. Тој реагираше на текстот на Тајмс дека светскиот рекет број еден не смее да влезе во таа земја.
„Само да се разјасни сето ова. Двa медицински одбори му дозволија на Новак изземање, но политичарите се изживуваат. Австралија не заслужува да биде организатор на Грен слем“, напиша Тенис на Твитер.