Роџер Федерер го најави својот кам-бек на тениските терени, и успешно се опоравува од повредата. Швајцарскиот тенисер сака што е можно порано пак да заигра тенис на големите сцени. Поранешниот прв светски рекет зборуваше за неговото враќање, но се осврна и на Новак Ѓоковиќ и сезонава.
„Најлошото е зад мене, сега се радувам на сè што следи. Кога заздравувате од повреда, секој следен ден е подобар од претходниот. Ќе биде предизвикувачки да се вратам на терен. Сакам тоа да се случи што е можно порано.
Тоа што го направи Новак е лудо. Календарскиот слем можеби и ќе се случи, тоа може да се повтори. Потребно е и малку среќа, ама мора да бидете упорни и да имате сила“, изјави Федерер.
Српскиот тенисер оваа година одигра маестрално се до Олимписките игри во Токио. Пред тоа ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но испушти шанса да дојде до „Календарски слем“. Иако во финалето на УС Опен имаше шанса да ги обедини сиге четири големи трофеи, на патот му застана одличниот Данил Медведев.