Македонската кошаркарска репрезентација обезбеди пласман во квалиификациите за Мундијалот кои за нас ќе бидат први во историјата.
Покрај Македонија и Словачка од нашата група, преку преткавлификации се пласираа понатаму и Црна Гора, Исланд, Белорусија, Летонија, Португалија и Шведска со што овие осум репрезентации им се се приклучија на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Шпанија, Туриција и Украина. Овие 32 репрезентации ќе бидат поделени во 8 групи од по 4 селекции.
Репрезентациите кои ќе ги минат квалификациите ќе изборат место на историското Светско првенство кое ќе се одржи во Индонезија, Јапонија и Филипини.