Милан успеа да ја совлада екипата на Лацио на „Олимпико“ во Рим со 0-1 и со 56 бода сега се доближи само на еден бод негатива до второпласираниот Јувентус.
Лацио во 57 минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Лука Пелегрини, на крај тоа се покажа како клучен фактор за поразот.
Откако доби предност од фудбалер повеќе на теренот, Милан тргна во офанзива, португалецот Леао погоди во 76. минута, но голот му беше поништен поради офсајд.
Сепак во финишот на натпреварот во 88. минута Окафор постигна гол за победа на Милан од 1-0.
Во судиското продолжение уште двајца играчи на Лацио беа исклучени, Марушиќ и Гендузи добија црвени картони.
Со оваа победа Милан дојде на само бод до вториот Јувентус, но тие допрва треба да го играат мечот од ова коло.