Актуелниот германски првак Баерн Минхен одигра 2-2 на гости кај Фрајбург, загуби уште два бода, а домаќините дојдоа до бод со гол во самиот финиш од натпреварот.
Фрајбург рано го отвори резултатот, поведе со гол на Гунтер уште во 12. минута од дуелот.
Баерн Минхен дојде до изедначување во 35. минута кога младиот Тел постигна прекрасен гол од далечина за 1-1. Со тој резултат се замина на одморот.
Во вториот дел во 75. минута Џамал Мусиала имаше еден фантастичен соло продор и убаво пласираше за гол за пресврт и водство на Баерн Минхен од 2-1.
Во финишот на мечот, во 87. минута Холер постигна гол за конечни 2-2 и голем бод за Фрајбург.