Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа недела ќе остане на врвот на АТП-листата, но следниот понеделник ќе падне на третото место. Рафаел Надал го освои својот 14. Ролан Гарос во кариерата, а Новак испадна во четвртфиналето, што ќе донесе поместувања на АТП-листата.
Со оглед на тоа што францускиот Грен слем стартуваше една недела подоцна од вообичаеното, промените ќе се случат дури на 13 јуни. Ѓоковиќ и оваа недела останува прв на АТП-листата, а потоа следат Медведев, Зверев, Надал, Циципас, Руд, Алкараз и Рубљов.
Наредниот понеделник врвот на АТП-листата ќе го преземе Данил Медведев, втор ќе биде Александар Зверев, кој тешко се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос, а Ѓоковиќ ќе падне на третото место. Победникот на Ролан Гарос Рафаел Надал ќе биде четврти, а финалистот Руд петти.
https://twitter.com/alekdg/status/1533739284758396928?s=20&t=D28ztyMHRElnEVG2Ppjl5Q