Баерн Минхен има убедливи 4-1 по првото полувреме против Аугсбург во баварското дерби, а гостите водеа со 1-0, по што шампионот се разлути и почна да го гази противникот.
Бекот Жоао Кансело го постигна својот прв погодок во дресот на германскиот гигант, откако убаво го издрибла својот чувар пред да го совлада голманот со силен и прецизен шут. Голеадата ја дополнија Бенжамин Павар кој првпат даде два гола на еден меч, и Лирој Сане.
https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1634567976413466624?s=20