Два златни медали денеска, за нашата македонска таеквондо експедиција во Талин, Естонија каде што се одржува екипниот европски шампионат.

По златниот медал на Дејан Георгиевски, имаме уште едно прво место и уште еден ваков медал. Мила Рељиќ во категоријата до 62. килограми успеа да слави над претставничките на Италија и Украина и претставничка од Египет која е членка на европски клуб. Во финалната борба претставничката Мел Мина од Еквадор која тренира во Тортоса Шпанија поради повреда ја предаде борбата. Ова е втор триумф за Рељиќ над Мина во само две недели .