Ова е фантастичен почеток на вечерта, која лесно може да биде една од најубавите во историјата на македонскиот спорт, со оглед што фудбалерите подоцна ќе ги одмерат силите со Португалија (20.45 часот) во клучниот меч во Порто по кој подобриот ќе се пласира на Мундијалот во Катар.
За Егоров ова беше трет триумф на континенталниот собир во унгарската престолнина, откако вчера ги совлада Германецот Никлас Штехеле со 5-4 и Ерменецот Манвел Хнџрстјан со 10-0.