Во 56. Супербол на стадионот „Со-Фи“ во Лос Анџелес ќе се сретнат домашните Ремс и Синсинати Бенгалс.
По многу нешта овој спектакл ќе биде историски, а веќе е јасно дека билетите за тој меч ќе бидат најскапи досега.
Со оглед на тоа што натпреварот се игра во Калифорнија, во срцето на „Холивуд“, билетите отидоа предалеку, па некои од нив ќе чинат дури 81.000 долари.
Најевтиното парче хартија за дуелот меѓу АФЦ и НФЦ шампионите ќе чини 5.822 долари, а бидејќи се работи за стадион на три нивоа, јасно е каде се тие „евтини“ седишта.
Се пресметува дека просечната цена на билетите е 10.427, што е за речиси 2.000 долари повеќе од претходниот рекорд.
Навистина, стадионот So-Fi е најнова градба и една од најлуксузните, заедно со новиот стадион на Лас Вегас Рајдерс.
Се очекува ВИП местата да ги пополнат некои од најистакнатите луѓе од светот на актерството, музиката, спортот и воопшто од шоу-бизнисот.
За време на паузата на полувремето ќе настапат Еминем, Снуп Дог, Доктор Дре, Кендрик Ла, Ар и Мери Џеј Блајџ.
Суперболот помеѓу Ремс и Бенгалс ќе се игра ноќта помеѓу 13 и 14 февруари од 00.30 часот по средноевропско време.