Во целиот свет привршуваат квалификациите за Светското првенство во Катар, а многу е интересно во групата КОНКАКАФ, квалификациите кои ја опфаќаат Северна и Централна Америка.

Таму на три кола пред крајот малку изненадувачки прва е Канада со 24 бода, а зад неа се САД и Мексико со по 21 бод. Тие три репрезентации држат места кои водат директно на Мундијалот, додека на четвртата позиција, која води до дополнителни квалификации е Панама. Поради малата бодовна разлика секој натпревар е исклучително важен, па така беше и со оној одигран синоќа меѓу САД и последнопласираниот Хондурас.

Американците победија со 3-0, а натпреварот се играше во Минесота во неверојатни, по малку екстремни временски услови. Имено, температурата за време на натпреварот беше помеѓу -16 и -19 Целзиусови степени, а налетите на ветерот во одреден момент направија да се чувствува како температурата да е уште 9 степени пониска.

„Се смрзнувам. Едвај чекам да дојдам во соблекувалната“, изјави Кристијан Пулишиќ веднаш по натпреварот, кој го постигна својот трет гол на натпреварот.

И додека на Американците им беше студено, можете да замислите како им беше на фудбалерите на Хондурас кои не само што никогаш не играат во овие услови, туку веројатно никогаш не ни почувствувале ваков студ. Имено, според WorldData, најниската температура во таа земја во последните 72 години е измерена во март 2017 година, кога една од мерните станици таму измерила температура од 12,1 Целзиусов степен.

Американците не ни знаеја дека ќе се случи таков студен удар во САД, но секако знаеја дека времето ќе им биде од корист. Селекторот на Хондурас, Ернан Дарио Гомез протестираше уште пред почетокот на натпреварот.

„Незамисливо е некој да ја покаже својата моќ со тоа што ќе ве доведе да играте натпревар во такви услови за да дојдете до посакуваниот резултат. Играта не е ни започната, а едвај чекаме да заврши. Спортот се игра за забава, но ова е страдање“, изјави Гомез пред почетокот на натпреварот.

Колку овие услови беа невозможни за фудбалерите на Хондурас, покажува податокот дека двајца, голманот Луис Лопез и напаѓачот Ромел Киото, беа заменети на полувремето поради хипотермија, а повеќето други примија инфузија на паузата за да играат во вториот дел. Студот најдобро го опишаа двајцата ТВ-коментатори кои покажаа што се случува со влажниот дрес и на тој начин ги симулираа условите на фудбалерите. Таа маичка едноставно замрзна, а за дсе заштитат , фудбалерите носеа дополнителни слоеви облека.

https://twitter.com/bubbaprog/status/1489028569829449731?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1489028569829449731%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fnogomet-medjunarodni%2Fnogomet-se-igrao-na-19-amerikanci-suparnike-poslali-na-infuziju-ovo-je-patnja-nedopustivo-15153449

Американскиот тренер Грег Берхалтер не гледаше проблем да се игра натпреварот во овие услови.

„Кога играме во тие земји, тогаш температурите се многу високи со 90% влажност во воздухот. Играчите често страдаат од дехидрација и сето тоа е нормално во спортот. Ја избравме оваа локација за да го минимизираме патувањето. Против Ел Салвадор и Канада игравме во студени услови, не сакавме да ја промениме климата за овој натпревар“, објасни Берхалтер.