Австралијанецот со македонско потекло кое гордо го потенцира насекаде, борачот Алекс Волкановски, по петти пат ја одбрани титула во лесна категорија во УФЦ серијата, откако ноќеска во Лас Вегас го совлада Мексиканецот Јаир Родригез.
Ова беше главна борба во склоп на УФЦ 290 ивентот, во која тој доминираше од самиот старт, а до триумфот дојде со нокаут во четвртата рунда.
Алекс Волкановски е најдобар борец во својата категорија, сега има скор 26-2 во својата кариера, со што само го потврди статусот легенда во УФЦ.