Снимката од Мини Ел Класико, натпревар на фудбалските екипи на Реал Мадрид и Барселона ја погледнале преку 12 милиони луѓе на разните социјални мрежи. Се работи за дуел на деца до 10 години, а воочлив е квалитетот на децата.

Реал Мадрид победи со 4:1, а на теренот блескаше играчот со бројот 10 во кралскиот клуб. Малиот Хуго Фернандес со својот стил на игра, но и фризурата многу потсетува на хрватот Лука Модриќ. Токму овој играч беше и лидер на Реал во победата, постигнувајќи два гола.

 

„Лука Модриќ ни оставил свој клон во екипата“, „Тоа како да е Лука Модриќ во мини издание. Не се работи само за сличност, туку за копија“, „Тоа дете со бројот 10 далеку ќе стигне“, се само дел до коментарите на социјалните мрежи.