Фудбалската селекција на Македонија вечерва ги продолжува настапите во квалификациите за следното Европско првенство. Наш противник е моќната Италија, која ќе ја пречекаме на арената „Тодор Проески“.

Нашиот најголем и најубав стадион подолго време беше затворен, поради очајната состајба на тревата. Италијаните во петокот се „запознаа“ со тревникот на кој ќе го играат натпреварот со Македонија и по нивните реакции може да се заклучи дека се крајно разочарани од условите на кои ќе мораат да бркаат нови бодови во квалификациите.

https://twitter.com/IFTVofficial/status/1700256694641815777?s=20