Полскиот голгетер Роберт Левандовски се пресели во редовите на Барселона, па сега германскиот гигант е во потрага по нов голгетер.
Според најновите шпекулации, Баварците се подготвени да платат 30 милиони евра обештетување за 17-годишен фудбалер на Рен. Се работи за Матајс Тел, кој досега во својата професионална кариера има одиграно само седум натпревари и нема постигнато гол.
Тел настапува за младинските репрезентации на Франција. Тој официјално е најмладиот фудбалер што дебитирал во првиот тим на Рен со 16 години и 110 дена и го сруши рекордот на Едуардо Камавинга.