Играчите на најдобрата хокеарска лига во светот се незадоволни од одлуката на раководството на НХЛ да им забрани настап на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг.
Иако договорот помеѓу лигата и Здружението на играчи на НХЛ зависеше од условите поврзани со пандемијата на коронавирус да не се загрозат или да ја нарушат сезоната, многу играчи се незадоволни што не можеа сами да одлучат дали ќе одат на натпреварувањето.
„За сите вас кои сакате да се справите со губењето на платата додека сте отсутни, тоа не е проблем. Оставете ги играчите да ги донесат одлуките“, изјави играчот на Бостон, Канаѓанецот Бред Маршан.
Лигата никогаш не ја препушти одлуката на играчите.
Меѓу претставниците на Русија на Игрите во Пекинг ќе се најде и хокеарот на Сент Луис, Владимир Тарасенко. Запрашан дали ќе оди на игрите, тој одговори:
„Се разбира. Ќе бидете изненадени колку луѓе ќе одлучат да одат во Пекинг“.
Капитенот на Вашингтон, Алекс Овечкин изјави дека сака да оди во Пјонгјанг во 2018 година, но лигата одлучи да не учествува.
НХЛ играчите втора година по ред нема да учествуваат на Зимските олимписки игри, откако Меѓународниот олимписки комитет објави дека нема да ги плаќаат патните трошоци и трошоците за осигурување, како од 1998 до 2014 година.
Хокеарот на Тампа Беј, Стивен Стемкос изјави дека на играчите им била „одземена шанса“ пред четири години.
„Со оглед на тоа што се случува во светот, оваа година одлуката е поразбирлива. Но, не можевме да одиме на последните Игри поради други проблеми со НХЛ, а сега сето тоа повеќе боли, бидејќи знаеме дека за некои постари играчи ова веројатно е последна шанса“, изјави канадскиот хокеар.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 4 до 20 февруари во Пекинг.