Одличната игра на Леброн Џејмс и фактот дека тој влезе меѓу ТОП -10 тројкаши во историјата на НБА не беше доволна, па ЛА Лејкерси го загубија дуелот со градскиот ривал Клиперси со 97:103.

Интересно, иако во третата четвртина Клиперси водеа со 15 разлика (80:65), во еден момент во последниот период Лејкерси поведоа со 89:87, сепак на крајот дербито на ЛА им припадна на Клиперси.

Вокер со 26 поени, Дејвис со 25 и Џејмс со 20 беа први поентери кај поразениот состав, додека кај Клиперси се истакнаа Џорџ, Вол и Ленард.

Кошаркарите на Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо успеаја да слават на гости кај Филаделфија со 88:90. Домашните предводени од Харден одиграа навистина добар натпревар, но се чини дека клучен момент на мечот беше тројката на Метјуз на 24 секунди до крајот за победа на Милвоки, а Харден кој имаше 31 поени го промаши клучниот шут.

Image