Кошаркарите на Денвер во ноќта меѓу саботата и неделата го победија Лос Анџелес Лејкерс со 133:96.
Натпреварот во Колорадо го одбележа актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ.
Јокиќ забележа трипл-дабл со само 28 минути поминати на паркетот. До трипл-дабл стигна и на девет минути пред крајот на третата четвртина. Тоа е негов 65. трипл-дабл во НБА, со што се израмни со Џејмс Харден на седмото место на вечната листа на НБА. Јокиќ го забележа својот осми трипл-дабл сезонава.
На Денввер многу му помогнаа Хајленд со 27 поени и Грин со 26.
Кај Лејкерси Леброн Џејмс постигна 25 поени, а Расел Вестбрук 19.
Денвер Нагетс моментално се шести во Западната конференција со учинок 22-19. Лејкерси се на дното со 21 победа и 22 порази.