Ракометната репрезентација на Хрватска во 2.коло од групата Ц на Европското првенство ja победи Србија со 23:20.
На мечот во Сегед пожестоките навивачи на хрватската репрезентација започнаа со извици „Убиј го Србинот“. Некои од навивачите беа снимени и во маици со ликот на Михајло Храстов, кој беше осуден за убиство на 13 и рани двајца разоружани резервисти на ЈНА во септември 1991 година.
Откако во текот на денот група навивачи од Србија и Хрватска наздравија заедно и се сликаа пред почетокот на мечот со што покажаа како треба да се однесуваат, не помина долго за на трибините да се случат непотребни провокации.