Натпреварот од осминафиналето на шпанскиот фудбалски куп, градското дерби меѓу Бетис и Севилја, беше прекинат во 40. минута при резултат 1:1 затоа што еден од навивачите на Бетис фрли стап на теренот и го удри во глава играчот на Севиља, Џоан Џордан.
Набил Фекир со удар директно од корнер израмни на 1:1, а додека го прославуваше тој гол со соиграчите, неодговорен навивач фрли стап од трибините зад голот и веројатно ненамерно го удри Џордан.
https://twitter.com/menayismo/status/1482460889622233088?s=20
https://twitter.com/WolfRMFC/status/1482465438558826501?s=20
Судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа веднаш го прекина натпреварот. Фудбалерите на Севилја веднаш се повлекоа во соблекувалната, додека домашните се обидуваа да го убедат судијата да го продолжи натпреварот, но безуспешно.
Инаку, Севиља во 35. минута ја доведе Алехандро Гомез во водство.