Во пресрет на натпреварот помеѓу Реал и Манчестер Сити, англискиот ББЦ објави текст полн со пофалби за Лука Модриќ кој „старее наназад“, а тезата е дека тој е можеби најдобриот играч за врска на Реал досега .
Цела фудбалска Европа возбудено го чека првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити. Затоа англиските медиуми се активираа со написи околу Реал Мадрид во најавите за натпреварот.
Додека многумина го апострофираат Карим Бензема, ББЦ одлучи да се фокусира на хрватскиот маестро Лука Модриќ, кого го нарекува „Бенџамин Батон во европскиот фудбал“.
Ова е споредба со филмскиот лик кој старее наназад, а водечките англиски медиуми го поставуваат и прашањето дали Модриќ е најдобриот играч за врска во историјата на Реал.
„Може да се наведе аргумент дека Модриќ е уште поважен за структурата на Реал од Бензема поради неговата двојна способност да го организира натпреварот одзади и да создава опасност во противничкиот шеснаесетник. Ова е од фундаментално значење за флуидноста и кохерентноста на тимот“, пишуваат Англичаните. .
ББЦ потоа ги наведува реакциите на фудбалскиот свет за одличната асистенција против Челзи, како и изјавата на Флорентино Перез дека Хрватот повторно треба да биде кандидат за Златната топка. После тоа, тој се осврнува на најинтересниот дел за „феноменот Модриќ“, неговата возраст.
„Дел од она што се крие зад пофалбите на Модриќ е фактот дека тој едноставно не требаше да блеска толку постојано на тоа ниво на 36. Чувството на неверување во неговата физичка состојба повторно дојде до израз кога беа објавени снимките од прославите по дуелос со ПСЖ. каде се чинеше дека е полн со сила иако на натпреварот истрча повеќе од кој било играч на Реал со 10,54 километри“, пишува Би-Би-Си.
„На крајот на минатата сезона, АС го опиша како Бенџамин Батон, во референца за филм за човек кој старее наназад. Оттогаш, тој не успори, одигра 44 натпревари оваа сезона и се чини дека може да игра , дури и до неговите 40-ти“, изјави хрватски фитнес специјалист кој работи со Модриќ.
Авторот на ББЦ смета дека Хрватот е на самиот врв на листата на најдобри играчи од средниот ред на Реал во историјата.
„Модриќ е единствениот кој носи редовни моменти на магија и креативен сјај и само во Зинедин Зидан – чија кариера во Реал беше многу пократка – има конкуренција за статусот на најдобар играч за врска во историјата на клубот“, се наведува.