Репрезентацијата на Србија триумфираше на гости кај Кипар со 1-0 во Ларнака, а единствениот гол беше дело на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Милинковиќ-Савиќ ја погоди мрежата на Кипар во седмата минута од пресметката, а само 180 секунди подоцна Србија доби и пенал, но истиот не го реализира Александар Митровиќ.
Натпреварот по добро ќе го памети српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој го оствари 106. настап за Србија со што стана рекордер и го надмина Бранислав Ивановиќ.