Екипата на белградска Црвена Звезда доживеа пораз од Бенфика од 2-1 во дуелот од првото коло во Лигата на шампионите.
Домаќините се обидуваа да се вратат во игра, меѓутоа само дојдоа до почесен гол во 86 минута.
, Звезда создаде неколку добри прилики, Круниќ имаше еден добар обид, но до изедначување српскиот тим не стигна. По тие пропуштени прилики брзо стигна казната.
Во второто полувреме Бенфика сигурно ја чуваше предноста се до завршницата кога Милсон успеа да го совлада одличниот Трубин. До крајот црвено-белите сепак немаа сили да дојдат барем до бод.
Германскиот првак Баер Леверкузен пак полесно од очекувањата го прегази Феенорд на негов терен во Ротердам. „Фармцевтите“ уште по првото полувреме дојдоа до предност од 4-0, резултат кој се покажа и како конечен на крајот.
Вирц постигна два гола, стрелец беше и Грималдо, а автогол си даде и голманот на холандскиот претставник.