Калчолигашот Џенова, чиј член е нашиот Горан Пандев, доби бови газди или сопственици. Досегашниот прв човек на Џенова, Енрико Прециози за 150 милиони евра го продаде клубот на Американски инвестициски фонд “777 партнерс“.

Прециози преку сајтот на Џенова ја потврди продажбата.

“Дојде време да подадам рака на новите сопственици. Секогаш сум говорел дека Џенова ќе ја оставам само во сигурни раце, на силен и сигурен сопственик. Одлучив по долги преговори Џенова да ја оставам во рацете на “777 партнерс“. Тие сега ќе имаат привилегија да го предводат најстариот клуб во Италија. Секогаш ќе бидам фан на Џенова“ рече Прециози.