Српскиот кошаркар Немања Недовиќ на тренинг, го постигна можеби најурнебесниот кош на сите времиња и тоа преку целиот терен со шут со – нога.
Кошаркарот на Панатинаикос, на еден од тренинзите во пресрет на пресметката од грчкиот плејоф против Лариса, од забава ја шутна топката најсилно и највисоко што може, по што таа заврши каде што никој не очекуваше. Баскетот по лет од речиси пет секунди мина како куршум низ обрачот, што предизвика еуфорија кај соиграчите на Недовиќ, кои почнаа да се држат за глава, не верувајќи на тоа што го видоа.
Плејофот во Грција почнува претстојниот викенд и се очекува со огромен интерес, со оглед што првпат по 2018 година е можно финале помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, кој по неколку години играње во Втората лига сезонава, конечно, се врати во елитата.