Крис Брум е голем навивач на Манчестер Јунајтед, но по се изгледа дека е невиден баксуз.
Неговата желба е да го однесе својот 12-годишен син Зек на Олд Трафорд за да го гледаат Кристијано Роналдо во живо заедно. И секогаш кога ќе се обиде, ќе беше „измамен“.
Секогаш кога Брум (43) и Зак доаѓаат на стадион, Роналдо не игра.
Тренерот за прв пат го одмара Роналдо. Португалецот не играше по втор пат поради повреда. Трет пат се обиде викендов против Лестер, но Роналдо не играше.
Крис на тие патувања потрошил речиси 4.000 евра. Семејството Брум живее во далечниот Сомерсет, па поминале 3.300 километри за овие залудни патувања, а се уште го немаат гледано Роналдо заедно. Можеби наредниот пат ќе успее во својата намера.