Само 19 минути од почетокот на мечот ѝ требаа на Барса за Пумас да го наполни до врв, па Каталонците во овој период дадоа дури четири гола и сѐ почна од Левандовски по три минути игра на асистенција на Педри, па продолжи со гол на младиот фудбалер за врска на асистенција на Полјакот во петтата минута, па гол на Осман Дембеле во 10-та на асистенција на Рафиња, а Педри со втор гол на асистенција на Левандовски стави точка на шоуто.
Барса можеше и поубедливо да победи, но на промоцијата на тимот додаде само уште два гола во вториот дел, Пјер Емерик Обемејанг во 49-та на асистенција на Франк Кеси и Френки Де Јонг на шест минути пред крајот.