Барселона стигна до значајна победа во најспектакуларниот дуел досега во Ла лигана гости против Вилјареал откако ја доби пресметката со седум гола (3-4).
Гави и Де Јонг донесоа брзо водство од 0-2 за Барса, но Вилјареал возврати до полувремето со головите на Фојт и на Сорлот.
Баена во 50.минута се потруди за целосен пресврт, но потоа дојде редот на Барселона. Феран Торес постигна гол за 3-3 во 68.минута, а три минути подоцна Роберт Левандовски донесе и триумф за каталонскиот гигант. Одличен кај гостите беше младиот Ламин Јамал кој прераснува во нова ѕвезда на Барселона.
Барса со седум бода од три натпревари е втора зад максималниот Реал Мадрид со девет, а седум бода има и Жирона. Вилјареал со вториот пораз има само три на 13-то место.