Актуелниот англиски шампион Манчестер сити ја оствари третата победа оваа сезона, откако денес триумфира на гости кај Шефилд јунајтед со 2-1.
„Граѓаните“ доминираа во текот на целиот натпревар, а Шефилд успешно се бранеше, иако Манчестер сити имаше огромна шанса за гол од пенал во 37. минута, но Норвежанецот Халанд не беше прецизен од белата точка.
Ерлинг Халанд е фудбалерот кој можеше да биде трагичар, но на крајот неговиот тим победи, а тој постигна погодок. Промашениот пенал на Халанд може да го видите ТУКА.
Сити продолжи да напаѓа во второто полувреме и тоа резултираше со погодок и тоа во 63 минута кога Грилиш асистираше, а Халанд погоди со глава за водство на фаворитот. Голот на Халанд може да го видите ТУКА.
Шефилд изедначи со голот на Богл, но сепак не издржа долго под налетот на четата на Пеп Гвардиола бидејќи Родри во 88. минута погоди за конечни 2-1.
Астон Вила беше подобра од Барнли со 3-1, а головите за победничкиот тим ги постигнаа Кеш (два гола) и Диаби, додека за поразениот состав погоди Фостер.