Серхи Роберто влезе во последните неколку месеци од договорот со Барселона. Преговорите за нов договор беа започнати, но работите значително забавија во изминатите неколку недели, што доведе до загриженост кај него.

30-годишниот фудбалер и неговите претставници бараат средба со челниците на клубот оваа недела за да се процени ситуацијата. Според шпанските медиуми, Барселона ќе размисли да понуди нов договор, но само доколку Серхи Роберто е подготвен да ја намали платата за 50%.

Каталонскиот клуб не го гледа Серхи Роберто како стандарден првотимец и сака да му даде многу послаб договор, па четвртиот клупски капитен ќе мора да ја преполови платата доколку сака да остане на „Камп Ноу“.