Холанѓанката Ирене Шоутен го освои златниот олимписки медал во брзо лизгање на 5000 метри со нов олимписки рекорд .
Извонредната Холанѓанка Ирене Шоутен го освои својот втор олимписки златен медал на Игрите во Пекинг, откако славеше на 5.000 метри. Неколку дена претходно, таа го освои своето прво олимписко злато на делницата на 3.000 метри.
Шоутен славеше со многу голема предност пред противничката и постави нов олимписки рекорд соборувајќи го оној на Клаудија Пехштајн од Солт Лејк Сити за повеќе од три секунди.
Среброто го освои Канаѓанката Изабел Вајдеман со повеќе од четири и пол секунди заостанување, а бронзата и припадна на сребрената од последните Олимписки игри, Чехинката Мартина Сабликова.
Актуелната светска рекордерка Наталија Воронина од Русија остана настрана од борбата за медали и со голема разлика го зазеде шестото место.
5000 метри:
1. Ирене Шоутен (Холандија) 6: 43,51
2. Изабел Вајдеман (Канада) +4,67
3. Мартина Сабликова (Чешка) +6,58
4. Франческа Лолобриџида (Италија) +8,25
5. Рагне Виклунд (Норвешка) +12,83
6. Наталија Воронина (Рус) +13,48
7. Санет Хоф (Холандија) +16,26
8. Мисаки Ошигири (Јапонија) +17,66
9. Марина Зујева (Белорусија) +19.40
10. Момока Хорикава (Јапонија) +23,41