Тимот на САД освои златен медал во слободно скијање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Америка настапи со Ешли Колдвел, Кристофер Лилис и Џастин Шенфелд, а златото го освои со 338,34 поени.

Сребрениот медал го освои Кина со 324,22 поени, а бронзениот медал и припадна на канадската репрезентација со 290,98 поени.

Швајцарија го зазеде четвртото место со 276,01 бод.