Урош Зорман ќе ја предводи словенечката репрезентација до крајот на олимпискиот циклус, пишува ДЕЛО, а официјална потврда се очекува во текот на денот.
Младиот словенечки стручњак, еден од најдобрите репрезентативци на сите времиња, договори соработка која ќе започне со натпреварите од првиот бараж со Италија (16 и 19 март) и речиси сигурно Србија во април.
Зорман моментално е ангажиран во РК Тримо Требње, што е негов прв тренерски ангажман по асистирањето на Талант Душебаев во Киелце, Полска.