Македонската најдобра таеквондистка, Мила Рељиќ загуби од Летисија Ајун од Либан во четвртфиналето на ОИ во Париз, во тесна борба во која одлучи само еден поен.
Борбата беше апсолутно израмнета, Летисија Ајун ја доби првата рунда со 9-8. Во втората беше уште поизрамнето, таа рунда заврши со 6-6, а Македонката загуби само поради тоа што противничката имаше удар во глава кој тежи повеќе.
Разликата меѓу двете беше буквално еден поен. Рељиќ храбро загуби, но можеби има уште шанси за медал.
Ајун во полуфиналето ќе се бори со светската шампионка Нахид Киани. Ако Либанката победи и се пласира во финалето, тоа би ја повлекло и Рељиќ во репасажот и битката за бронза.