Кина, домаќинот на Зимските олимписки игри во Пекинг стигна до првиот златен медал.

Кинезите стигнаа до злато во мешаната штафета во брзо лизгање на патека од 2.000 метри.

По драматичниот финиш, среброто им припадна на Италијанците, а бронзениот медал и припадна на унгарската штафета.

Златото за Кина го освоија Рен Зивеи, Ву Дајинг, Фан Кесјин и Жу Чунју.

На целта стигнаа за 2:37.348 минути.

Ву Дајинг беше единствениот член од споменатата група кој имаше олимписко злато пред овој настап, кој го освои во 2018 година во Пјонгчанг.