Фудбалерите на Рома не ја оправдаа улогата на фаворити против Џенова, играјќи само 0:0 на домашен терен во натпреварот од 24. коло на италијанската Серија А.
Прва се закани Џенова, со одличен удар со глава на Калеб Екубан во 14. минута, но неговиот удар го спречи искусниот Руи Патрисио.
До крајот на полувремето Рома имаше уште една полушанса, додека кај домашниот тим доминираше Хенрик Миктаријан, кој беше убедливо најголемата опасност за тимот од Лигурија.
Првата голема можност за Рома беше на Крис Смолинг во 55. минута, но неговиот удар ја погоди пречката.
Во 66. минута Теми Абрахам шутираше, но неговиот удар беше изблокиран. Само неколку минути подоцна Стефан Ел Шарави од слободен удар шутираше над голот.
Претходно, Остигард заработи дисквалификација по недозволен старт, што ги зголеми шансите на Рома за тешка победа.
Рома пред крајот на мечот ја затресе мрежата на гостите со голот на Никола Заниоло, но тој беше поништен на ВАР поради претходен фаул на Абрахам врз Васкез. Потоа Заниоло беше исклучен поради приговор .
Ова се случи во продолжението и уште тогаш беше јасно дека Рома нема да победи, па пропушти шанса да се доближи до Јувентус на табелата.
Од друга страна, Џенова стигна до второто последователно реми со новиот тренер Александар Блесин и ја очекува огромна борба за опстанок до крајот на сезоната.