Легендарната Холанѓанка Ајрин Вуст ја одбрани титулата олимписка победничка на 1500 метри во брзо лизгање освоена во Пјонгчанг .
Со уште еден одличен настап и нов олимписки рекорд, Ајрин Вуст стигна до златниот медал во брзо лизгање на 1500 метри, со што го повтори резултатот од последните Олимписки игри во Јужна Кореја.
Ова е за Вуст шести олимписки златен медал и 12. олимписки медал воопшто. Таа во 2006 година во Торино освои бронза на 1500 метри и злато на 3000 метри и стана најмладата холандска медалистка во историјата на Зимските олимписки игри. Во Ванкувер таа го освои златото на 1500 метри, во Сочи на 3000 и екипната трка и во Пјонгјанг на 1500 метри.
Приказната од Јужна Кореја се повтори, па светската рекордерка Михо Такаги од Јапонија повторно го освои среброто зад Вуст. Такаги на последните Игри заостануваше 20 стотинки, а овој пат 44.
И бронзата оди за Холандија, исто како и во Пјонгјанг, само што таму ја освои Марит Леенстра, а во Пекинг Антоанета де Јонг.
1500 метри:
1. Ајрин Вуст (Холандија) 1: 53,28
2. Михо Такаги (Јапонија) +0,44
3. Антоанета де Јонг (Холандија) +1,54
4. Ајано Сато (Јапонија) +1,64
5. Марике Гроневелд (Холандија) +1,69
6. Франческа Лолобриџида (Италија) +1,92
7. Елизавета Голубјева (РОЦ) +2.02
8. Нана Такаги (Јапонија) +2.06
9. Евгенија Лаљенкова (РОЦ) +2,46
10. Британи Боу (САД) +2,53