Ливерпул со 3-2 го победи Нотингем форест, а Лестер со пресврт дојде до трите бода против Вулверхемптон, немаше победник на мечевите Брентфорд – Астон Вила и Кристал Палас – Евертон.

На мечот меѓу Ливерпул и Нотингем форест мрежите мируваа во првото полувреме, а во вториот дел имаше дожд од голови.

Ливерпул дојде во водство во 47. минута со гол на Диого Жота, а четири минути подоцна Вилијамс изедначи на 1-1. Во 55. минута Жота даде нов гол и го врати водството на црвените.

Ни оваа предност не траеше долго, во 67. минута Гибс-Вајт израмни на 2-2, но три минути подоцна Салах погоди за победа на Ливерпул од 3-2.

Лестер освои три исклучително значајни бодови во борбата за опстанок откако го совлада Вулвс со 2-1.

Гостите водеа со гол на Куња, а Лестер направи пресврт со погодоци на Ихеначо и Кастањ.

Немаше голови на мечот меѓу Кристал Палас и Евертон, а дуелот меѓу Брентфорд и Астон Вила заврши 1-1.