„Карамелите“ заиграа подобро во вториот дел, против мотивираниот домаќин. Кулушевски и Сон имаа уште по една прилика, Тотенхем постојано играше високо, но одбраната на моменти не беше на нивото и гостите успеаја да се изборат за почесен погодок во 82. минута, кога Андре Гомеш намали на 2-1.
Гостите ја погодија и пречката во последните моменти, но не успеаја да стигнат до израмнување и голем бод од тешкото гостување. Натпреварот заврши 2-1, а Тотенхем се враќа на четвртото место на табелата, со 36 освоени бодови. И покрај поразот, Евертон е во одлична форма, сега има шеснаесет бодови, доволни за 16. позиција на табелата.
На останатите натпревари, Барнли на нашиот Дарко Чурлинов стигна до многу важна победа на гостувањето кај Фулам со 0-2, Лутон го изненади Њукасл и славеше минимални со 1-0, додека Борнмут буквално во последните секунди дојде до голем триумф кај Нотингем Форест и славеше со 2-3. Доминик Соланке беше херој на гостите со хет-трик на овој натпревар.