Фудбалерите на Лутон направија уште едно изненадување во елитната Премиер лига, откако славеа со 1-0 против Њукасл.
Таунсенд го постигна единствениот гол на натпреварот меѓу Лутон и Њукасл во 25. минута, а гостите имаа свои шанси, па дури и ја затресоа мрежата на домаќинот, но погодокот беше поништен поради офсајд.
По поразот, најбогатиот клуб во Премиер лигата остана на седмото место со 29 бода, дури десет помалку од лидерите Арсенал и Астон вила.